Шест војници и еден бунтовник загинаа на Филипините

Шест војници и еден бунтовник загинаа во судири во источниот дел на Филипините, соопштија денеска безбедносните сили.

Дваесетина војници, исто така, беа повредени вчера во оружена престрелка во едно село
на периферијата на градот Боронган во провинцијата Источен Самар, 582 километра
југоисточно од Манила, се наведува во извештајот на армијата.

Војниците биле испратени во областа за да ги проверат тврдењата дека комунистичките
бунтовници изнудувале пари од селаните. Тие се пресретнале со околу 50 герилци, кои, наводно, претходно детонирале шест рачно изработени бомби, се додава во соопштението.

Комунистичките бунтовници се борат со силите на филипинската Влада уште од крајот на 60-те години од минатиот век.

Претседателот Родриго Дутерте ги прекина мировните преговори со бунтовниците во ноември 2017 година, а напорите за продолжување на разговорите пропаднаа поради ескалирање на насилството.

Треба да знаете
Последни објави