Актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ со 28,6 проценти поддршка е во водство според последните анкети направени за претседателските избори во Хрватска, додека на второто место се наоѓа поранешниот премиер и претседател на Социјалдемократската партија СДП – Зоран Милановиќ, а третото место го зазема естрадниот артист Мирослав Шкоро.
Зоран Милановиќ има поддршка од 24,3 отсто од моментално највлијателната опозициска СДП, како и од голем број лидери и поединци од хрватската левица. Неговата програма се однесува на се што е спротивно на пропагандата на десницата, како што е правото на абортус и насочувањето на Хрватска да ја гради својата иднина.
Третото место го зазема пејачот и музичар Мирослав Шкоро, со 16,7 отсто поддршка од страна на странки и личности од екстремниот дел на десницата.
На четврто место се наоѓа поранешниот судија и актуелен застапник во Европскиот парламент, Мислав Колакушиќ, кој според последните анкети има 14 отсто поддршка. Неговиот главен интерес е борбата против корупцијата.
Единствена разлика помеѓу новата анкета и онаа спроведена во јули е што Грабар-Китаровиќ имаше нешто повисока поддршка од сегашната.
Изборите во Хрватска се уште не се распишани, но се очекува првиот круг да виде одржан на 22 декември.
Според хрватските медиуми актуелната претседателка и фаворитот на јавноста изрази желба во вториот круг да се најде со Милановиќ.