Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи сака да ги има во своите редови, играчот на Салцбург, Холанд и членот на Генк, Берж, јавуваат италијанските медиуми. Според „Ла газета дело спорт”, неаполскиот клуб сериозно е заинтересиран за напаѓачот Ерлин Брут Холанд и играчот од средниот ред Сандер Берж.
За првиот од нив, клубот е подготвен да плати 40 милиони евра, за вториот – 20 милиони.
Деветнаесет годишниот Холанд оваа сезона има одиграно 18 натпревари за Салцбург и постигна шест гола со шест асистенции.
Дваесет и едногодишниот Берж постигна два гола на 20 натпревари за Генк.