Хрватскиот опозициски пратеник Иван Пернар денеска, по третпат во 30 дена, беше исфрлен од седница на парламентот. Тој денеска беше отстранет затоа што доцнел, зборувал без дозвола и на себе имал маица на која пишува „ХДЗ крадци”.
Пернар повторно зборуваше за Фими медија, а министерот за финансии го праша кога ХДЗ мисли да ги врати парите извлечени од таа фирма. Без да му биде даден збор, истото прашање го постави и на потпретседателот на Саборот Жељко Рајнер. Потоа му рече дека се однесува како автомат, наместо да каже: Да, ќе ги вратиме тие пари од ХДЗ. Рајнер потоа му го одзеде зборот и го повика парламентарното обезбедување да го изнесат од сала.