Американската компанија Гугл, навидум без дозвола, собира подробни лични здравствени податоци на милиони граѓани на САД. Главен извор, во таа смисла, е „Асеншн” – вториот најголем здравствен систем во земјата, објави „Волстрит журнал”.
Според написите, моќната компанија за тоа не ги известува граѓаните, односно пациентите, а нити нивните лекари. Гугл, наводно, овој проект го нарекол „Најтингејл” и целта е создавање нов софтвер на вештачка интелигенција, што ќе служи за идните софистицирани апликации за следење на здравјето и општата состојба на човекот.
А, информациите се околу лабораториски резултати, дијагнози и дневници на хоспитализација, како и медицински истории на поединци, сосе имињата и датумите на раѓања.
Иако ова на прв поглед се чини како нарушување приватноста, американскто законодавство дозволува болниците да споделуваат податоци за пациентите, под услов причината и целта да се поголема ефикасност на здравствените услуги. Гугл ги користи тие поволности.