Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години на стартот од претквалификациската група за ЕП која се игра во Скопје, ремизираше со соодветната селекција на Босна и Херцеговина (0:0). Средбата се одигра на теренот од СЦ „Петар Милошевски“ крај ФФМ. На втората средба од групата, одиграна на стадионот во „Ѓорче Петров“ , фаворитот Англија без проблеми стаса до убедлив триумф (4:0) против Луксембург. Македонија и Англија ќе ги одмерат силите во 2. коло кое се игра на 16 ноември.
По дуелот меѓу Македонија и БиХ, гостите треба да бидат тие кои ќе жалат за пропуштената шанса да ги освојат трите бода. БиХ имаше три-четири изгледни прилики за гол, а на двапати гредата им беше сојузник на избраниците на македонскиот селектор Горан Станиќ.