Мицкоски: Лага е зголемувањето на платите на наставниците и професорите, таа согласно договорот и законот мора да биде 36 700 денари, владата н ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го постигне

Почитувани претставници на медиумите почитувани присутни денешната прес – конференција е продолжение на рецензијата на најголемата политичка лага наречена „Живот за Македонија“.

Изминативе три години и покрај неуспехот на планот на реформите  покрај неиспораката на она кое што беше ветено  пред граѓаните  за време на предизборната кампања за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, општеството исполнето со примитивизам, декаденција истовремено и со големи лаги продолжува со  ние како ВМРО ДПМНЕ продолжуваме со рецензија за истото. Денеска на дневен ред ќе биде делот во образованието а на крајот од денешната прес-конференција ќе се осврнам и на уште една лага која што е актуелна деновиве а тоа е таканареченото зголемување на платите за професорите, наставниците во основното и во средното образование.

Ќе започнам со едно ветување кое што СДСМ на Македонија во периодот на предизборието во 2016 година го даде пред граѓаните со фокус на младите а тоа е дека ќе имаме загарантирана шанса за младите односно ќе се овозможи секој млад човек да добие понуда за вработување , можност да го продолжи образованието, да добие пракса или тренинг за подготовка на вработување во период од 4 месеци по завршување на школувањето. Со ова ќе овозможеле како што велат активност на секој млад човек веднаш по завршување на високото образование и ќе отвореле пат за нивен професионален развој. Оваа активност воопшто  не е почната.

Понатаму, ќе го анализираме ветувањето за укинување на екстерното образование односно тестирање се извинувам , за волја на вистината експертното оценување е укинато но со новиот закон за основното образование воведоа таканаречено државно тестирање. Предлозите се донесени без никаква претходна анализа. Понатаму, во најголемата политичка лага наречена „Живот за Македонија“ велат дека ќе ги намалеле бројот на предметите, бројот на предметите не е намален. Понатаму продолжуваат со лагите и со неисполнетите ветувања и велат дека веднаш кога ќе ја формирале владата ќе ги ослободеле децата од притисок оценки во првите години од школувањето и оценувањето од прво до петто одделение ќе било само описно. Таква е реалноста, не е променет начинот на оценување со кое би се ослободиле децата од притисокот по оценки. Т.е. да бидам попрецизен од прво до трето одделение е концептот описен.

Од четврто до шесто одделение само на полугодие ученикот добива описни оценки. Но на крај од годината оценките се повторно нумерички. Со што ученикот не добива реална слика како ќе биде оценет на крајот од учебната година. Pонатаму велат во најголемата политичка лага во делот за образованието која што беше презентирана пред граѓаните во 2016-тата година дека ќе вовеле задолжително едногодишно предучилишно образование. Нема до овој момент никакви промени во системот на предучилишното образование.

Понатаму, се обврзале во најголемата политичка лага наречена „Живот во Македонија“ дека ќе ги мотивираат најдобрите училишта. И тоа ќе ги мотивираат вработените во делот на месечните примања од една година, во 12 месеци односно вработените ќе добивале 20% поголема плата кај најдобрите 5 основни училишта на ниво на цела држава. И 10% средни училишта на ниво на цела држава. Ова не само што не е реализирано, туку вакви средства не се предвидени ниту во буџетот во следната 2020 година.

Понатаму, продолжувам, да ја рецензирам најголемата политичка лага која што се случи во 2016-тата година каде што Зоран Заев и СДСМ се обврзаа дека ќе формираат т.н. Институт за развој на образованието т.е. да бидам попрецизен Бирото за развој на образованието ќе се преструктуира и ќе прерасне во Институт за развој на образованието. Нема до овој момент никаква промена во Бирото за развој на образованието.

Продолжувам, исто така во најголемата политичка лага Зоран Заев и СДСМ наречена „Живот за Македонија“ предвиделе формирање на Научно истражувачки центри за талентирани ученици. Што би опфаќало талентираните ученици ќе можат да се стекнат со дополнителни знаења, ќе се подготвуваат за државни и меѓународни натпревари и ќе започнат со посериозна истражувачка работа. Ваков Центар до овој момент не е формиран, ниту пак се споменува дека ќе се формира.

Понатаму продолжувам со рецензијата за најголемата политичка лага која што Зоран Заев и СДСМ во предизборието за време на предвремените парламентарни избори ја презентираа пред граѓаните во делот на образованието, се разбира, за енергетиката зборувавме пред некој ден.

Имено, се обврзале дека ќе издаваат поквалитетни учебници бидејќи овие учебници не им биле квалитетни што тогаш ги затекнале. Каква е реалноста? До ден денес нема никаква повратна информација од државните комисии кои ги евоулирале учебниците кои што ги затекнале во основното образование. Т.е. да бидам попрецизен нема нови учебници. Но и тие кои што постојат доцнат со печатење и воопшто ги нема. Што значи дека и ова е уште една од сетот лаги кои што беа дел од најголемата политичка лага наречена „Живот за Македонија“. Да сумирам, а потоа новинарите и медиумите ќе можат да добијат детална анализа на 60 страни која што е поврзана со рецензија на дел за образование, а кој што е составен дел од најголемата политичка лага за време на предизборието, за време на предвремените парламентарни избори во 2016-тата година.

Имено би сакал да кажам дека најголемата лага која што практично ја кажа, а тоа е што продолжуваат да ја кажуваат во периодот кој што е позади нас и претпоставувам дека ќе ја зборуваат во периодот кој што следи е дека ги зголемуваат платите за наставниците и професорите во основното и средното образование.

Имено , велат вака ќе ги зголемеле платите на наставниците и професорите со тоа што за две години ќе ја изедначеле почетната наставничка плата со просечната плата во државата и ниту еден наставник немало да има плата пониска од просечната исплатена плата во Р. Македонија. Најниската плата во моментот за наставниците е 21.660 денари а во средно образование 22.500 денари а просечната плата е на ниво од 25.270 денари. За жал од ветената просечна плата од 500 евра нема ни трага ни глас , па дури и на ваков тип и на ваков начин на кој што се обидува интервенционистички без било каква квалитативна анализа владата расипнички да ги троши народните пари.

Но во ред. Јас би сакал да продолжам со таа анализа која што се однесува на платите на наставниците и професорите во основното и средното образование, зошто е тоа важно, затоа што изминативе денови видовме како сето тоа се експлоатира од страна на авторот на најголемата политичка лага а тоа е Зоран Заев наречена „Живот за Македонија“.  Затоа што лажењето ќе продолжи и во периодот кој што следува и лажните ветувања и обидот за манипулации ќе продолжат во месеците кои што следуваат се до организирањето на предвремените парламентарни избори затоа што имаме уплашен човек , човек кој што знае дека ќе се соочи со одговорноста веднаш после катастрофалниот пораз на 12 Април 2020 година.  Имено, каква е реалноста , во моментот просечната плата исплатена заклучно  со Октомври месец 2019 година во средното образование е отприлика 23.680 денари , со предвиденото 10 % зголемување од 1 Јануари  2020 година оваа плата ќе биде 26.000 денари. Но кога не би имале работа со лажливци кои што освен  што лажат, манипулираат тогаш можеби и би верувале дека навистина станува збор за зголемување на платата  на наставниците и професорите.

Имено, ова пред мене е  колективниот договор кој што го имаат потпишано Синдикатот , Министерството за образование и наука во 2010 година. Во овој колективен договор јасно во членот 34 и членот 35 се дефинира што значи најниска плата во образованието и како се пресметуваат нето платите на вработените во образованието вклучително и образовниот кадар но и вклучително и техничкиот персонал кој што е дел од образовниот процес.

Имено, за наједноставен коефициент а тоа е група 1 е избран коефициентот на сложеност 1 кој што се дефинира како едноставна рутинска работа за обавување на работни задачи. Од овде започнува да се пресметува платата нето на секој вработен во образованието од коефициентот 1, а коефициентот 1 одговара на минималната плата во државата. Според законот за минимална плата кој што до сега е во функција и кој што е  правосилен, минималната плата во бруто износ во државата изнесува 17.943 денари или во нето износ околу 12.500 денари.

Според се уште важечкиот закон за минимална плата ова е минималната плата која што треба да се исплаќа во период од Април месец 2019 заклучно со Март 2020 година. Според колективниот договор кој што претходно го споменав професорите во средното училиште и наставниците во основните училишта имаат коефициент на сложеност во подгрупа три од 2, 533. Според членот 34 и 35 платата се добива кога овој коефициент ќе се помножи со минималната плата или таа денеска требаше да изнесува 31.660 денари. Т.е. да бидам попрецизен за 5.660 денари повеќе од тоа што е предвидено со покачувањето од 10% кое што овие лажнивци им го понудија на професорите во основното и средното образование.

Доколку продолжат и понатаму  на начин на кој што досега функционираат да ги манипулираат граѓаните, доколку продолжат на начин на кој што водат политика, тогаш продолжуваат и лагите на овие луѓе.

Имено со зголемувањето на минималната плата која што е во процедура во Парламентот на ниво од 14.500 денари тогаш платата согласно Законот за минимална плата и согласно Колективниот договор на професорите во основното и средното образование треба да биде 36. 700 денари односно 10.700 денари повеќе од тоа што во овој момент е предвидено со зголемувањето од 10%.

На лагата и нема крај, но порано или подоцна вистината излегува на виделина.

Оваа влада во заминување ќе замине како најнеспособна влада, доаѓа влада реформска, доаѓа обнова за Македонија која што ќе го почитува Законот за минимална плата и ќе го почитува Колективниот Договор. Ова што денеска оваа влада кое им го оневозожува на вработените во образованиот сектор, во основното и средното образование за среќа нивна е во заминување.

Доаѓа Влада која што ова ќе им го овозможи.

 

Треба да знаете
Последни објави