Кривичниот суд во Скопје го закажа почетокот на судењето за „Случајот Рекет“ за 3 декември.
Предметот со КОК бр. 116/19 против Б.Ј., К.Ј. и З.М. согласно АКМИС – електронскиот систем е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска – Масевска, соопштија од судот.
Почетокот на главната расправа по предметот „Рекет“ во кој се осомничени Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милески – Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е насочена за 3.декември во 10:00 часот за што се доставени и покани до странките.