Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.
Авионот на владината Служба за општи и заеднички работи, бил само со летечкиот екипаж, без патници, а летал од Солун за Скопје.
-Капетанот пријавил дека нема индикација оти предното тркало на авионот не е заклучено, поради што пријавил ситуација на итност и побарал од контролорите од Контроланата кула на Скопскиот аеродром да изврши низок прелет со цел визуелна проверка за извлечени тркала. По прелетот контролорите го информирале пилотот дека тркалата се извлечени по што пилотот донел одлука да слета и по кратко време слетал безбедно, изјави за МИА Николче Тасевски, еден од директорите во М-НАВ.
Од Владата најавија дека попладнево ќе испратат официјален став за инцидентот.