3.9 милијарди евра буџет, а ниту денар зголемување за капитални инвестиции. Зоран Заев и Нина Ангеловска наместо на развој, ќе трошат милијарди на популизам.
Власта одвојува за капитални инвестиции исто како лани, а буџетот е значително поголем.
Власта првин им скрати на пензионерите 600 денари 3 години по ред, за сега да им дава само 700 денари и тоа од до година. Тоа се 1800 денари помалку за пензионерите кои им ги зема Зоран Заев доколку останеше старата пресметка и наместо за нив отидоа на тендери и милионски бизниси на луѓето блиски до врвот на власта.
Три години не одвоија пари за енергетиката, не одвојуваат ниту сега. Нема пари за Чебрен и Галиште, нема пари за РЕК Битола и Осломеј, нема пари за ништо.
Зоран Заев ги излажа и земјоделците. Со новиот буџет нема пари за земјоделците. Се останува исто.
Зоран Заев со овој буџет спрема потенцијален поткуп на гласачи пред избори.
Лагите и популизмот од претходните избори нема да му поминат повеќе. На 12 април почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.