Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на прес конференцијата на Мила Царовска
„Зоран Заев и Мила Царовска им земаа на пензионерите 1.800 денари.
Три години по ред власта не им дава на пензионерите покачување од 600 денари, кое го имаа во време на ВМРО-ДПМНЕ.
Пензионерите за три години владеење на СДСМ се оштетени за 1800 денари.
Наводното покачување кое од догодина ќе го имаат пензионерите е само покачување за една година, а притоа власта им ги задржа на пензионерите парите кои ќе ги добиеја со ВМРО-ДПМНЕ.“