Протестите против ирачките власти продолжија и денеска во Багдад и во јужниот дел на земјата, кога властите се под зголемен притисок на ОН за започнување на реформите.
Повеќе од 300 луѓе, главно демонстранти, се убиени од 1 октомври, според официјалните бројки.
По овие смртни случаи, со зголемена репресија и бројни апсења и заплашувања, се чинеше дека протестите ќе запрат. Но денеска плоштадот Тахрир во Багдад повторно беше полн, особено по повикот за штрајк на наставниците.
– Ние сме тука за да ги поддржиме демонстрантите и нивните легитимни барања, рече еден демонстрант на плоштадот Тахрир.
Во Басра, голем нафтен град на брегот, се одржаа собири по неколкудневно насилство и десетици уапсени.
Околу илјада студенти денеска поставија камп, откако полицијата ги запали нивните шатори пред една недела.
Во Насирија и Диванија, на југот на земјата, училиштата сè уште се затворени.