Демонстранти ја нападнаа резиденцијата на аргентинскиот амбасадор во Чиле

Демонстрантите фрлаа камења кон резиденцијата на аргентинскиот амбасадор во главниот град на Чиле во вторникот, пренесува ТАСС. Амбасадорот на Аргентина во Чиле, Хозе Октавио Бордон, изјави дека никој не е повреден во инцидентот.

„Тие веќе половина час се обидуваат да влезат на територијата на резиденцијата и фрлаат камења кон зградата“, изјави Бордон за весникот „Кларин“ и додаде дека демонстрантите запалиле ресторан во близина на дипломатската резиденција.

Радио станицата „Био Био“ објави дека во вторникот имало протести во Сантијаго и во други градови во Чиле, вклучувајќи го и одморалиштето Виња Дел Мар. Демонстрациите во центарот на главниот град почнале мирно, но подоцна избиле судири меѓу полицијата и демонстрантите. Демонстрантите протестираат против социјалната нееднаквост и политиките на актуелната влада.

Пожар бил пријавен и во една од католичките цркви лоцирани во близина на местото каде што се одвиваа протестите. Причините за пожарот сè уште не се утврдени. Протестите во Сантијаго избија на 14 октомври откако цената за билетите во метрото се зголеми за 30 пезоси. Според официјалните извештаи, повеќе од 20 лица загинале во судирот меѓу демонстрантите и полицијата.

Треба да знаете
Последни објави