Денеска во општина Бутел по трет пат се организирашекултурната манифестација “Есенски базар” кој е во соработка со Здружение на уметници ракотворци АРТИ-КРАФТ од Скопје. Општина Бутел во континуитет дава институционалната и финансиската поддршка на културните проекти како негувањето на фолклорот, обичаите, старите занает и организирање на културно уметнички манифестации.
Посебно сme горди што оваа година за прв пат имаме и посета на 12 амбасадори на мирот од регионот. Учесници-изложувачи од АРТИ-КРАФТ се вкупно 18 а гости, a од соседството се 19 и тоа од (Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија, Турција, Хрватска, БиХ)
Излагачите од Македонија изложија производи со мотиви од македонски народни носии , сувенири, македонски носии – минијатури во рамка, декоративни елементи и слики од слама, слики од срма и филгранска техника, етно шишиња, накит од бакар, сребрен накит – филигран, народни носии сликани на дрво и друго, додека излагачите од соседството ќе се претстават со мешани албански народни носии, дувачки народни инструменти од дрво – фруле, везени плетени, хеклани и рачно изработени производи, бел без од српскиот регион и многу други.
Во склоп на настанот сеодржа и културно уметничка програма каде учество земеаа играорното друштво Плетеница со игри од Источна Македонија, Хорот од општинското основно училиште Живко Брајковски со “Ода на радоста “и други.