“Луѓето страдаат” викнаа уставните судии и тргнаа да ги спасат Груевски, Јанкуловска, Јанакиевски, Османи…
Уставните судии Елена Гошева, Јован Јосифовски, Никола Ивановски и Осман Кадриу тргнаа во отворен поход да ги спасат од кривична одговорност обвинетите и осомничени функционери од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ: Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Елизабета Канческа-Милевска, Бујар Османи и други, со обид да се изврши упад во надлежноста на Владата и Собранието со намалување на одговорноста за злоупотребите при јавни набавки, пренесе СДК.
На денешната седница, дел од овие судии кажаа дека многу била висока казната од минимум 5 години затвор во членот 353 став 5 за злоупотреба на Буџетот на граѓаните од страна на високите функционери. Рекоа дека вината треба да ја сносат членовите на комисиите за јавни набавки, иако одлуките за јавни набавки ги носат министрите, а комисиите само даваат предлог за избор на најповолен понудувач, што на крајот и министрите не мора да ги потпишат.
повеќе од текстот на следниот ЛИНК