Демонстрантите во Либан ги блокираа главните автопатишта користејќи запалени гуми.
Училиштата у универзитетите, како и банките денеска не работат поради протестите.
За време на синоќешниот протест загина еден демонстрант откако беше застрелан од војник. Тоа е првата жртва во Либан откако на 17 октомври почнаа протестите.
Демонстрантите излегоа на улиците откако претседателот Мишел Аун изјави дека се можни дополнителни одлагања за формирање на нова влада.