Снаата на Цеца ја прослави девојачката вечер – за 11 дена “свадбата на векот”
Србија е во очекување на ,,свадбата на векот” , а до тогаш , снаата на Цеца, Богдана Родиќ, објави фотографии и видеа од девојачката вечер.
За 11 дена се жени Вељко Ражнатовиќ, син на турбо фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ – Аркан.
Откако со недели го чекаа полнолетството на Анастасија, Србите сега внимателно ги следат сите вести за свадбата на Ражнатовиќ со неговата бремена девојка, Богдана Родиќ.
Вечерва е моминската ноќ на Богдана, а социјалните мрежи се полни со слики и фотографии.
Идната невеста се забавува со Анастасија Ражнатовиќ, нејзините сестри и пријателки, а прославата започна во лимузина. Сите беа облечени во бели наметки, додека Богдана носеше розова. Ова за некои беше доволен знак, дека таа треба да роди женско бебе.
Балони, цвеќиња, украси, свеќи, храна и музика ги пречека во вилата каде се спавече во чест на идната госпоѓа Ражнатовиќ.