Камерон Дијаз во вторникот го покажа својот тренди стил додека излегуваше од фризерски салон во Западен Холивуд, Калифорнија.
47-годишната поранешна актерка носеше кратко црно палто над избледени сини фармерки и големи црни чизми. Таа излезе од салонот со лелеава руса коса, голема торба и мобилен телефон, а од аксесоари, додаде обетки, прстени, бразлетни… и јак црвен кармин.
Камерон е во брак од 2015 година со рокерот на Good Charlotte, Бенџи Маден (40).
Актерката потврди дека формално се повлекува од глумата откако се појави во филмската адаптација на Annie во 2014 година. Камерон беше номинирана за наградата „Златен глобус“ за нејзините настапи во филмовите Being John Malkovich, Vanilla Sky, Gangs Of New York и There’s Something About Mary.
Кариерата ја започна како манекенка на 16 години и го направи своето филмско деби на 21 година глумејќи со Џим Кери во комедијата „Маска“ во 1994 година.
Камерон неодамна во едно интервју отворено говореше за својот брак, нарекувајќи го сопругот Бенџи „најдоброто човечко суштество“.
„Сакам да изградам подобри, посилни пријателства со луѓето што се во мојот живот. Се разбира, тоа го вклучува мојот сопруг.“
„Бракот со него е најдоброто нешто што ми се случило некогаш. Мојот сопруг е најдоброто човечко суштество и мој голем партнер. Бракот е секако тежок, и треба многу работа на него. Потребeн ви е некој кој е подготвен да ги врши работите задно со вас, затоа што во бракот нема 60-40 туку 50-50 цело време,“ вели Камерон.
Таа призна дека не била сигурна дали е „подготвена“ за брак кога се венчале, но секогаш знаела дека Бенџи е „посебен“.