Ангела Кели, жената која помага во изборот на облека и накит за кралицата Елизабета, откри дека користи џин за да ги направи сјајни дијамантите на Нејзиното Височество.
„Знам дека е тешка главата што носи круна и што и да е, но кралицата Елизабета навистина живее добар живот. Кралското семејство се обидува многу често да не го потсетува народот колку вушност се лудо богати (не сакаат да ги изнервираат даночните обврзници), но новите детали од долгогодишната гардероберка на кралицата, Ангела Кели, фрлија светлина на фактот колку фенси е животот на нејзиното Височество,“ пишува авторот на текстот во магазинот Космопилитен.
Во нејзината книга „Другата страна на паричката: Кралицата, Гардероберката и Ормарот, Кели открива дека дел од нејзината работа е да се грижи за накитот на кралицата – вклучително и нејзините тијари – а тие секогаш треба да бидат многу сјајни. Таа има прилично неконвенционален начин да ги направи да заблескаат како дијаманти: а тоа е џин.
„Малку џин и вода е корисно за да им се даде дополнителен сјај на дијамантите,“ пишува Кели, и додава „Само не кажувајте му на златарот!“
Таа, исто така, ја сподели тајната како се ослободува од дамките од лак за коса.