Лидерот на Западот во НБА лигата, тимот на Лос Анџелес лејкерс и второпласираната Јута забележаа победи над своите ривали во натпреварите одиграни ноќта меѓу вторник и среда.
ЛА Лејкерс брзо им се вратија на победите по поразот од Торонто на домашен терен. „Езерџиите“ на гостувањето кај Феникс славеа со 115-123 за осми триумф сезонава и задржување на лидерското место во Западната конференција.
Леброн Џејмс и неговата дружина одиграа добро во втората и последната четвртина кои се покажаа како доволни за нови бодови. „Кралот“ средбата ја заврши со 19 поени, 11 асистенции и 7 скока. Први имиња во редовите на Лејкерс беа Дејвис кој запиша дабл-дабл од 24 поени и 12 скока, еден поен помалку постигна Кузма. Кај Феникс се истакна Букер со 21 поен.
Тре Јанг од Атланта Хоукс го одигра мечот на сезоната и на својата екипа ѝ донесе изненадувачка победа над Денвер од 125-121. Мечот го заврши со 42 поени, а покрај него солиден беше и Паркер со 20 поени, додека во редовите на Денвер Бартон даде 21 поен, а Јокиќ 20.
Јута со четвртата победа по ред, 119-114 против Бруклин врза серија од четири последовни успеси со кои се пробива на вторта позиција во Западната конференција. Коби Вајт беше во фокусот на победата на Чикаго над Њујорк од 120-102. Тој стана првиот дебитант во историјата на НБА што постигнал седум тројки во една четвртина. Тој имаше вкупно 27 поени. Чикаго го доби завршниот сегмент со 35-17 и дојде до четвртата победа сезонава.
Резултати:
Индијана – Оклахома сити 111:85
Филаделфија – Кливленд 98:97
Мајами – Детроит 117:108
Чикаго – Њујорк 120:102
Денвер – Атланта 121:125
Феникс – ЛА лејкерс 115:123
Јута – Бруклин 119:114
Сакраменто – Портланд 107:99.
Пласман во Западната конференција: ЛА лејкерс 8-2 (победи-порази), Јута 8-3, Денвер 7-3, ЛА клиперс 7-3, Хјустон 7-3,…
Поредок на Исток: Бостон 8-1, Милвоки 7-3, Торонто 7-3, Мајами 7-3, Филаделфија 7-3,…