Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, на покана од рускиот претседател Владимир Путин, ќе учествува на одбележувањето на 75-годишнината од победата во Втората светска војна што ќе се одржи во Москва на 9 мај наредната година, пренесе руската новинска агенција ТАСС.
– Вашиот амбасадор повеќепати ме има прашано дали навистина ќе дојдам. Еден од главните принципи на нашата држава е борбата против фашизмот. Поради тоа, секако дека ќе бидам таму, изјавил Пендаровски за време на вчерашната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Парискиот мировен форум.
Присуството на прославата во Москва веќе го потврдил и францускиот претседател Емануел Макрон, а меѓу поканетите е и претседателот на САД, Доналд Трамп.