„Црвената Река“ – Чудо на природа што може да се види само во посебни денови

„Црвената Река“ – Чудо на природа што може да се види само во посебни денови

Во Перу, близу градот Куско се наоѓа реката Пукамају, попозната како „Црвена Река“. Таа може да се види само во дождливи периоди, кога насобраната вода го полни речното корито.

Долината содржи големо количество железен оксид (’рѓа), па оттаму водата во реката добива црвена или розова боја, во зависност од текот и количината железо во самата вода.

Но, познавачите препорачуваат дека доколку сакате да го посетите Перу во овие периоди кога може да се види „Црвената Река“, треба да бидете подготвени на лизгачките патчиња, обилните дождови и на тоа дека многу други знаменитости нема да бидат достапни за туристите поради тие временски услови.

„Сезонска река“ е долга околу пет километри, по што се влива во поголемата река Вилкамајо, каде и ја губи својата необична црвена боја.

https://www.instagram.com/p/Bx4pWhhnVcJ/?igshid=qwga18nzsf2m

 

 

Треба да знаете
Последни објави