Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година под палката на селекторот Благоја Милевски откако се налути и го пропушти првиот тренинг со баналниот проблем околу задржаната опрема на аеродромот во Мадрид, е посветена и максимално мотивирана на подготовката за мечот со соодветната репрезентација на домаќинот Шпанија кој ќе се одигра утре (19.45 ч.) во Алкоркон. Шпанија е фаворит во квалифиакциската група 6 за ЕП-2021. „Црвената фурија“ по трите одиграни меча е лидер со максимален скор, а Македонија е на делба на второто место со седум бода од три настапи. Од пресметката со фаворитот во групата, избраниците на селекторот Милевски нема што да загубат, а можат да добијат многу во финишот од квалификациите во трката за втората позиција во групата каде ривали им се уште Казахстан, Израел, Црна Гора и Фарски острови.
-Не очекува натпревар против една од најдобрите европски репрезентации. Шпанија е топ фаворит во групата, но и силен мотив за нас. Очекувајте мотивирана Македонија со цел квалитетно да им се спротивставиме на домашните фудбалери. Овие квалификации ги започнавме со добри резултати и ќе направиме сѐ за да го продолжиме тој пат. Ветуваме голема борба и максимална ангажираност од сите во репрезентацијата, порачува репрезентативец Давор Здравковски.
Макеоднија по дуелот со Шпанија ја очекува пресметка на 19 ноември во гости со аутсајдерот Фарски Острови, кој по четири одиграни кола нема освоено ниту бод во групата.