Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го избра пратеникот во Бундестагот Питер Баер за известувач за ситуацијата во Косово.
ПССЕ објави на Твитер дека Баер е избран за известувач за ситуацијата во Косово и му честиташе.
Во соопштението за медиумите за назначувањето на Баер, Советот на Европа посочи дека Косово се споменува во целосна согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244 и без прејудицирање на статусот.
Баер, известувач за Западен Балкан во германскиот парламент, на 3 септември во Приштина изјави дека Берлин се спротивставува на промена на границите како дел од дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и ги повика петте членки на ЕУ кои не го признаваат Косово тоа да го направат.
На крајот на април, пред состанокот на српските и косовските лидери во Берлин, Баер предупреди дека европските перспективи на Србија и на Косово ќе бидат ставени ад акта доколку учесниците на таа средба не покажат силна волја за напредок во процесот за нормализација на односите.