Претседателите на неколку комисии на СДСМ попладнево одржаа работни состаноци со градоначалници од изборните единици 1, 2 и 6.
На сите нивоа, СДСМ посветено работи согласно новиот систем во интерес на граѓаните. На состаноците се разговара за степенот на реализација на програмите на општините и градоначалниците, соработката меѓу општините, министерствата и централните институции, како и за меѓуопштинската соработка.
Од страна на градоначалниците и претставниците на локалната самоуправа беа презентирани и плановите за идни активности кои се насочени на подобрување на квалитетот на живот, како и унапредување на локалниот економски развој.
Се разговара и за креирање нови решенија и мерки за актуелни прашања.
Активностите на СДСМ на сите нивоа продолжуваат со засилено темпо. Сите капацитети се ставени во функција на креирање мерки и политики кои се во интерес на граѓаните.
Продолжуваме да работиме посветено на остварување на зацртаните цели кои обезбедуваат подобар живот за сите.