Ѕвездата на „Пријатели“ одлучи своите интернет-пријатели да ги запознае со кученцето Клајд, или како што го нарекува, „најдобриот пријател“.
„Најдобриот пријател на жената. Денес го водам Клајд на работа”, напиша актерката под фотографијата од своето милениче.
https://www.instagram.com/p/B40epCrhLbO/
Џенифер е толку популарна на „Инстаграм“ што нејзината фотографија доби еден милион и пол лајка за само половина час.
„Воопшто не си остарена“, „Какви нозе“, „Престанав да дишам неколку секунди, премногу си згодна“, „Ти и Клајд сте совршен пар“, напишаа нејзините обожаватели, одушевени од нејзиниот младешки изглед на 50-годишна возраст.