Претседателот на „Алтернатива”, Африм Гаши, заедно со Генералниот Секретар, Скендер Реџепи – Зејди, денес остварија средба со италијанскиот Амбасадор во Скопје, г. Карло Ромео.
На средбата се разговараше за политичката состојба во земјата, предвремените парламентарни избори во 12 април и евроатлантскиот процес на земјата кон НАТО и ЕУ.
Италијанскиот амбасадор, Ромео, му се заблагодари на претседателот Гаши за посветеноста и конструктивноста на Алтернатива во евроатлантските процеси на земјата. На крај двајцата се соогласија дека ваквите пријателски средби треба да продолжаат и во иднина.