Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици, до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат животните.
„За оваа намена, АХВ обезбеди 100 илјади микрочипови, како дел од активностите за спроведување на тригодишната Стратегија за благосостојба на животните. Во информациониот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, заклучно со 5. ноември годинава, евидентирани се 69.624 домашни миленици, најмногу кучиња“, се наведува во соопштението.
По продолжувањето на рокот за бесплатно микрочипирање на милениците од април годинава, ветеринарните друштва наплатуваат само за аплицирањето на микрочипот и истото чини 200 денари, информираат од АХВ.