Оливер Лондон (29), кој е голем обожавател на корејската музичка група БТС, се подложил на бројни естетски операции за да изгледа како корејскиот поп-пејач Џимин, кој е член на таа група.
Тој потрошил 195 000 фунти за да има најмал корејски нос. Исто така патувал низ светот за да се трансформира во пејач, но сепак не бил задоволен од резултатите.
Оливер сакал да го „подобри“ носот, но лекарот при прегледот сфатил дека му останале само две ‘рскавици.
Лекарот му рекол дека може да умре ако уште еднаш се подложи на операција на носот, што многу го исплашило Оливер.
„Тоа би бил најлошиот кошмар. Воопшто да немам нос? Попрво би имал голем нос отколку да немам“ рекол Оливер, кој е непрепознатлив во однос на 2012 година.