Најмалку 28 државјани на Авганистан утринава погинаа во сообраќајна несреќа на југоистокот од Иран.
Иранската агенција ИРНА јави дека уште 21 лице е поврдено во судирот меѓу две комбиња во провинцијата Систан и Балучистан, на околу 1.500 километри југоисточно од Техеран.
Шверцерите често пати илегално минуваат низ оваа област, превезувајќи авганистански мигранти, потсетуваат американските медиуми.
Во Иран секоја година во сообраќајни несреќи гинат околу 17.000 лица.