Училиштата во индиската престолнина Њу Делхи повторно се затворeни бидејќи нивото на загадување на воздухот е екстремно високо веќе трет ден по ред.
Според АП, Њу Делхи бил покриен со густа сива магла од штетен воздух што ги „затемнил“ зградите и спомениците.
Според податоците од Националната централна управа за контрола на загадување, индексот за квалитет на воздухот надминал 460, што е девет пати повисоко од препораките на Светската здравствена организација.
Здравствените власти ги советуваа граѓаните да избегнуваат физичка активност од секаков вид на отворено.
Во Њу Делхи е воведен систем за намалување на бројот на автомобили на улиците бидејќи индиската престолнина се бори со опасните нивоа на загадување на воздухот.