Владата на Црна Гора и компанијата „Катари Диар“ се спремни што поскоро да продолжат со изградбата на туристичкиот комплекс вреден 250 милиони евра на местото на некогашниот хотел „Плави хоризонти“ во Пржно, пренесуваат црногорските медиуми.
Од владината прес-служба било соопштено дека на состанокот меѓу премиерот Душко Марковиќ и претставници на компанијата било изразено задоволство од фактот дека се надминати предизвиците кои го забавувале проектот, но била изразена и подготвеност од двете страни што побргу да се продолжи со изградбата на комплексот.
Комплексот ќе вклучува луксузен хотел, повеќе од 140 резиденцијални вили и туристичка населба, а инвестицијата е 250 милиони евра.
Од црногорската влада потсетуваат дека „Катари Диар“ во 2010 година купила земјиште со површина од 285 илјади квадратни метри во Пржно.