Најмалку четири лица се убиени, а 62 повредени во судирите меѓу демонстрантите и ирачките безбедносни сили во Багдад.
Неименувани официјални лица изјавија дека судирите избувнале во близина на Централниот плоштад Тахрир, каде протестите се одржуваат веќе неколку недели, пренесува агенцијата АП.
Протестите се одржуваат главно во Багдад и во претежно шиитските јужни провинции.
Најмалку 320 луѓе се убиени, а илјадници се повредени во немирите од 1 октомври, кога започнаа демонстрациите.
Демонстрантите протестираат против распространетата корупција, малите можности за вработување и лошите јавни услуги, вклучувајќи ги и прекините на електрична енергија.
Тие ги повикаа граѓаните да се вратат на улиците во голем број.