Најдобрата македонска фудбалска репрезентација утре патува за Виена, каде в сабота ќе го одигра еден од двеата ноемвриски последни натпревари од групната фаза во квалифиакциите за ЕП-2020. Поритвник ќе им биде Австрија, која во група Г се наоѓа на втората позиција која води на завршницата од јубилејното ЕП-2020 кое ќе се игра во 13 градови ширум „стариот континент“, но сеуште теоретски го нема заверено настапот, за разлика од првопласираната Полска. Австрија која ја растури Македонија во Скопје (4:1) на реваншот со „црвено-жолтите“ има императив да ги освојата трите бода пред своите гледачи и да ја завршата работата со пласманот на ЕП.
Во пресрет на дуелот во Виена, македонскиот државен тим е на делба на третата позиција во групата со селекциите на Словенија и Израел,(сите три имаат по 11 бодови) и има желба таму да ги заврши овие квалифиакции што би претставувало исчекор за избраниците на македонскиот селектор Игор Ангеловски – Мрме, и поголема самодоверба во пресрет на завршницата со нокаут-фазата во Лигата на нации, каде Макеоднија е во игра да избори историски настап на завршница од ЕП.
Теоретската шанса за Македонија не е завршена, но реалноста е сосем поинаква. За тоа се свесни сите во македонската експедиција. Покрај тоа македонскиот државен тим пред овој дуел се соочи со неможност да смета на сите поскувани репрезентативци. Поради повреди и автоматска казна поради жолти картони ќе одсуствуваат неколкумина стандардни репрезентативци: Аријан Адеми, Езџајн Алиоски, Иван Тричковски, Висар Муслиу, Илија Несторвски, Бобан Николов. Но, тоа не ја намалува желбата за успех.
-Натпреаврот во Скопје беше еден лош ден. Направивме доста грешки, ги увидовме истите, сега сме попаметни, ќе бидеме поконцентрирани. Австија е незгодна на домашен терен. И претходно имам кажано, оваа наша селекција има добри играчи, можеме да игра против сите. Резултатот од Скопје, ќе биде поголема мотивација за нас да одиграме добар натпреавр – вели повратникот во државниот тим Енис Барди од шпанскиот Леванте.
ПО дуелот со Австрија, Македонија на 19 ноември игра пред своите гледачи со Израел. И овој меч треба да биде искорситен за подготовка на тимот да акумулира поголема самодоверба пред мартовските обврски во полуфиналето од Лигата на нациите. Им преостануваат два меча од ова натпреаврување, полуфинале со Косово и финале со подобриот од Грузија и Белорусија.