Екипата на Милан е подготвена да се раздели со тројца свои играчи преку зимскиот преоден рок, пренесува „Газета дело спорт”.
Според весникот, „росонерите” имаат тенденција да ги продадат Фабио Борини, Френк Каси и Рикардо Родригез за да соберат 60 милиони евра.
Оваа сума ќе ги финансира новите пополнувања за тимот. Една од главните цели се верува дека е напаѓачот Златан Ибрахимовиќ, кој може да пристигне во клубот како слободен агент.
Милан ќе му понудат на Швеѓанецот годишен надомест од 4 милиони евра.