Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан е во работна посета на Република Турција, каде што ќе престојува неколку дена. Во рамки на посетата предвидено е да се посетат три градови во Р. Турција, Коџаели, Сакарја и Бурса, каде што министерот ќе оствари низа значајни средби со цел да се унапредат традиционално добрите односи помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија.
Министерот Хасан оствари средба со градоначалникот на Коџаели, г-дин Тахир Бујукакин и гувернерот на Коџаели, г-дин Хусеин Аксој. На средбите се разменија идеи и мислења за актуелни политички и економски случувања и се дискутираа потенцијални заеднички активности во насока на продлабочување на билатералните односи. Министерот Хасан оствари средба и со градоначалничката на Измит, г-ѓа Фатма Каплан Хуријет. Министерот Хасан го изрази задоволството од својата посета и истакна дека ваквите средби се потребни за да се негуваат добрите односи помеѓу двете земји кои секогаш биле на највисоко ниво во секој поглед.
Во рамки на посетата министерот Елвин Хасан оствари средба со претставници на Трговската Комора и Стопанската Комора на Коџаели. На средбите министерот им ги презентираше можности за инвестирање во Северна Македонија, подобрените услови на кои владата постојано работи со цел бизнис климата во Северна Македонија да повикува нови инвестиции. Министерот истакна дека Северна Македонија е вистинската дестинација за турски компании, нашата земја нуди поволни услови во повеќе полиња.