Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека решавањето на спорот за името со Грција не бил услов за членство во НАТО, во интервју за „Дојче Веле“. Според Мицкоски, членството во НАТО е работа која што е започната од многу порано, уште во 2008 година.
„Не би рекол дека тоа беше услов“. Понатаму во интервјуто, Мицкоски вели ако добие 80 пратеника и ако има Бадентерово мнозинство, подготвени се за чекор назад со Договорот од Преспа.
„Нашиот став го знаете. Имаме ли 80 пратеника, има ли Бадентерово мнозинство, ние сме подготвени и се отвора можноста за чекор назад, тоа сум го кажал и тука нема и не треба да има дилема“, кажа Мицкоски.