Полицијата одговорила со солзавец, па демонстрантите повторно ги гаѓале со стрели, а подоцна се случил и трет напад со вакво оружје. Ниту еден од полицајците не е повреден.
Полицијата соопшти дека на местото на настанот биле запленети шест стрели. Студенти и други демонстранти неделава се собраа во главниот универзитетски кампус во Хонгконг, подготвувајќи се за отпор во случај полицијата да се обиде да ги протера од таму.
Протестите во оваа поранешна британска колонија, сега под делумна управа на Кина, започнаа пред повеќе од пет месеци и ги поделија жителите. Градот со 7,5 милиони луѓе веќе четврти ден е погоден со масивни прекини во транспортот, бидејќи демонстрантите блокираа некои од поголемите улици и железнички линии.
Има илјадници луѓе кои не успеале да стигнат на работа, па затоа властите ги повикаа работодавците да покажат флексибилност. Во прекин е наставата и во повеќето училишта во Хонгконг.