Вчера во 12:07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во комплекс клиники „Мајка Тереза’’ со тешки телесни повреди бил донесен С.А.(54) од селото Мралино, Скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 11:30 часот, додека извршувал работни задачи во фирмата каде што бил вработен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.