Руското Министерство за транспорт воведе закон со кој се забранува насилници, убијци, силувачи и други опасни осудувани криминалци да работат како таксисти и возачи на јавен превоз.
Законот е развиен во име на рускиот претседател Владимир Путин, а иницијативата му припаѓа на градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пренесува српски „Телеграф“.
Пратениците го поддржаа законот, пишува руски „Комерсант“.
Според документот, на правните лица им е забрането да ангажираат за таксисти, возачи на автобуси, тролејбуси и трамваи лица кои се осудени под обвинение за убиство, тортура, силување, намерно нанесување на тешки телесни повреди, терористички напад и организирање тероризам.
Правилото нема да се однесува на оние кои се на условна казна.
Во рок од 120 дена од усвојувањето на законот, работниците ќе треба да им достават полициско досие на своите претпоставени. Во отсуство на соодветна документација, компанијата има право да го отпушти работникот.