Силен земјотрес со јачина од 7,1 степен по Рихтер ја погоди Индонезија, по што властите издадоа предупредување за можна појава на цунами.
земјотресот е регистриран на длабочина од 45 километри, а со епицентар 138 километри северозападно од островот Тернате, соопшти Американскиот геолошки институт.
Властите соопштија дека регионот најверојатно нема да биде погоден од цунами, но во случај на толку силен земјотрес тоа е вообичаена пракса.
Локалните медиуми соопштуваат дека населението во паника ги напуштило своите домови.