Поранешниот кандидат за претседател на Македонија, професорот по меѓународно право Блерим Река е меѓу тројцата кандидати за позицијата министер за надворешни работи на Косово.
Според изворите на новинската агенција ИНА, за функцијата шеф на косовската дипломатија Река е предложен од лидерите на партиите на новата Влада на Косово, која е во процес на формирање. Наводно, професорот е доста близок со идниот косовски премиер Албин Курти.
Партиски извори на Самоопределување за истиот извор соопштиле дека Река е кандидат за министер за надворешни работи на Косово. ,,Река е ,многу близок со Албин Курти кој е претендент за нов премиер на Косово, а во одлуката многу влијае и способноста на Река,, истакнува истиот извор.