Кошаркарите на Бостон селтикс го победија Вашингтон визардс со 140:133 за деветти триумф во низа. Најефикасен играч на средбата беше Бредли Бејл со 44 поени, но и тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот. Кај домаќините се истакнаа Вокер со 25 и Tejтум со 23 поени.
Рокетс на домашен терен славеа против Лос Анџелес Клиперс со 102-93, а Харден постигна дури 47 поени, седум асистенции и шест скокови. На Клиперс не му помогна ниту Кави Ленард, кој постигна 26 поени, 12 скокови и седум асистенции, па така Хјустон ја запиша осмата победа сезонава.
Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен лесно го совлада Голден Стејт Вориорс со 120-94, иако не можеа да сметаат на услугите на Ентони Дејвис, но на мечот доминираше Леброн Џејмс, кој постигна 23 поени и 12 асистенции.
Актуелниот шампион Торонто репторс сезонава играат одлично, а до осма победа стигнаа на гостувањето кај Портланд трејл блејзерс со 114-106.
Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта меѓу среда и четврток:
Шарлот – Мемфис 117:119
Орландо – Филаделфија 112:97
Бостон – Вашингтон 140:133
Хјустон – ЛА клиперс 102:93
Минесота – Сан Антонио 129:114
ЛА лејкерс – Голден стејт 120:94
Портланд – Торонто 106:114.
Бостон е лидер во Источната конференција со девет победи и само еден пораз, на Запад води ЛА лејкерс со биланс 9-2.