Викторија Бекам изјави дека е многу горда што е добра мајка, кога беше запрашана во едно интервју како е да се биде родител и деловна жена.
Поранешната членка на бендот Spice Girls, позната како Пош Спајс, позираше на фотосесија за Vogue Poland – издание на модниот магазин Вог во Полска – во прекрасни костуми од сопствената линија Викторија Бекам.
Во разговор со полската манекенка Малгозија Бела, Викторија истакна дека двете најважни улоги за неа се како мајка и како дизајнер.
„Да бидам добра мајка и во исто време да водам свој моден бренд се двете најважни улоги во мојот живот, Викторија вели во интервју за декемврискиот број на полскиот Вог.
Викторија (46) е во брак со поранешниот фудбалер Дејвид Бекам од 1999 година. Имааат четири деца – Бруклин, Ромео, Круз и Харпер – кои се чини дека ги следат нејзините стапки, а Бруклин и Харпер веќе ги покажаа своите лица на Модната недела во Лондон годинава.
Мајка на четири деца, Викторија Бекам е прилично зафатена. Но, успешната дизајнерка сè уште наоѓа време да ја води својата модна империја. Таа неодамна лансираше линија за шминка, Victoria Beckham Beauty.
Поранешната Спајс девојка на својот Инстаграм профил сподели фотографии од новата фотосесија за Вог во кои таа носи прекрасен зелен костум од сопствената линија.
„Може да сонувате многу или уште повеќе. Во секој случај треба да работите напорно“.
„Aко можам да ги инспирирам луѓето да продолжат да ги следат своите соништа, дури и ако многу пати им било кажано „не“, тогаш сум ја завршила својата работа,“ вели дизајнерката.