Две лица кои живеат во близина на кинеската граница со Монголија се заразени со пневмонична чума, само шест месеци откако две лица почина во истиот регион од чума.
Двајцата пациенти од автономниот регион на Внатрешна Монголија се во карантин во Пекинг, а кинеската блада соопшти дека се преземени превентивни мерки.
Пневмоничната чума се шири поинаку од обичната чума што е одговорна за голем број смртни случаи во 14 век и се шири преку кашлање, кивање или плунка и може да усмрти во рок од 24 часа.
Во април две лица починаа од чума што ја добиле откако јаделе суров бубрег од мрмот, што по традиција се смета дека го подобрува здравјето.
Кинескиот центар за контрола и превенција на зарази соопшти дека е екстремно низок ризикот од ширење на чума во Пекинг.
Центарот им препорача на граѓаните да не преземаат никакви дополнителни мерки, освен редовно да ги мијат рацете и да избегнуваат големи гужви.