Актуелниот англиски шампион Манчестер сити испрати жалба за делењето на правдата од страна на судиите на дерби натпреварот од 12. коло во премиерлигашка конкуренција против Ливерпул (1:3), пренесува „Дејли мејл”.
„Граѓаните” се фокусираа на фактот дека на првиот гол на натпреварот во изведбата на Фабињо му претходеше игра од страна на Трент Александар-Арнолд во неговиот шеснаесетник. Постојат и други решенија на главниот судија на средбата, Мајкл Оливер, кој се доведени во прашање од страна на актуелниот европски шампион.
За потсетување, по последниот свиреж на судијата, тренер на Сити, Пеп Гвардиола тргна кон судиската екипа, се ракуваше со секој судија и саркастично се заблагодари за делењето на правдата.