Искусниот хрватски фудбалски интеранционалец Марио Манџукиќ, според англиските и италијанските медиуми го одбрал за нов клуб Манчестер јунајтед. Англискиот премиерлигаш веќе подолго време го посакува искусниот напаѓач во своите редови, но обесштетувањето кое го бара италијанскиот шампион досега беше високо и пречка за реализација на трансферот за богатиот клуб од „Олд Трафорд“.
Последните информации велат дека Хрватот веќе во декември ќе отпатува во Манчестер, со цел да тренира со новите соиграчи и се навикне на животот во клубот. Од моментот кога во јануари ќе потпише договор, се очекува веднаш да биде во конкуренција за стартниот тим кај менаџерот Оле Гунар Солскјер.
Во овој момент „црвените ѓаволи“ имаат на располагање само двајца напаѓачи, младиот Маркус Решфорд кој постигна шест голови и францускиот интернационалец Ентони Марсијал со три погодоци. Манџукиќ сезонава ниту еден настап за Јуве во Серија А, не е ниту на листата со пријавени играчи за настапот во Лигата на шампионите. Во изминатат сезона Манџукиќ во италијанскиот шампионат постигна девет голови на 25 натпревари.