На 164-та Седница, Владата гo утврди Предлог-законот за младински додаток, предложен од Министерстовото за труд и социјална политика.
Со младинскиот додаток поттикнуваме вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование. На овој начин истовремено придонесуваме за подобрување на нивниот животен стандард и ги задоволуваме потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. Младинскиот додаток ќе биде во висина од 3.000 денари месечно и ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование.
Младински додаток може да користи младо лице кое ги исполнува следните услови :
-е опфатено со задолжително социјално осигурување по основ на вработување кај работодавач или самовработување со претежна производствена дејност;
-е вработено во приватна агенција за вработување и е отстапено на работа кај работадавач со претежна производствена дејност или
-е опфатено во задолжително социјално осигурување како индвивидуален земјоделец.
Со воведувањето на младинскиот додаток Владата продолжува посветено да работи на подобрување на условите за живот на сите лица во Северна Македонија, вклучувајќи ги и младите лица.