Унгарија треба да ја одржи својата антимиграциска политика затоа што „само Унгарци може да ги заменат Унгарците”, рече денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој на седницата на Советот на унгарската дијаспора во Будимпешта изјави дека Унгарија е погодена од демографски пад и оти не треба да се има илузија дека проблемот може да се реши беа да се направат никакви напори.
Според него, унгарската Влада ќе продолжи да се бори против миграцијата затоа што тоа е светски феномен „што ќе остане”, со оглед на тоа што, како што рече Орбан „Африка штотуку започнала да се движи”.
Орбан додаде дека приврзаниците на миграцијата ги обвинуваат Унгарците дека имаат „срце од камен”, не сфаќајќи дека Унгарците всушност сакаат да помогнат.
– Помошта мора да биде доставена таму каде што настанал проблемот, а не да се донесе проблемот овде, рече Орбан.