Се огласи еден од нападнатите новинари

Поголема група од околу 7-8 луѓе, синоќа ги нападнале новинарите Љупчо Цветановски, Дејан Андоновиќ и Петар Серафимовски од Македонско Радио. Инцидентот се случил на излез од угостителскиот објект „Александрија“, а по тој повод на социјалните мрежи се огласи Цветановски.

-Не грижете се, се мина без физички последици, бидна без врска и апансас, беа седум души, но спремни момци сме ние ги снема исто ко што се појавија. Не сакам ни да помислам дека мотивот е политички, никој не е до толку луд, или барем се надевам…, пишува Цветановски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/ljupco.cvetanovski/posts/10157534526959484

Треба да знаете
Последни објави